Магазин 14. March 2019. / 13:47

Вака Мурињо го искоментира враќањето на Зидан во Реал

Вака Мурињо го искоментира враќањето на Зидан во Реал

Жозе Мурињо, кој беше поврзуван дека е еден од фаворитите за тренерската позиција во Реал Мадрид, го опиша враќањето на Зинедин Зидан на „Сантијаго Бернабеу“ како „совршено“.

Според медиумите во Шпанија, некои од лидерите на „белите“ биле против назначувањето на Специјалниот и поради таа причина Флорентино Перез го претпочитал Французинот.

– Враќањето на Зидан? Мислам дека тоа е совршено. Поради сето она што тој го постигна во последниве години. Совршено е за мене, совршено е за него, совршено е и за Реал. Тоа е одлична можност да покаже колку е добар, особено со започнувањето на еден нов проект. – изјави Мурињо.