Магазин 23. март 2019. / 09:30

Уживајте во викендот, од понеделник ново заладување

Уживајте во викендот, од понеделник ново заладување

Времето денеска ќе биде претежно сончево со умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до седум, а дневната од 14 до 22 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

До понеделник ќе се задржи стабилно и топло време, а во вторник ќе настапи промена на времето. Ќе има зголемена облачност со повремен дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурите во наредниот период. На планините се очекуваат повремени врнежи од снег.