Магазин 08. февруари 2019. / 09:11

Уживајте во топлиот викенд, од вторник се враќа зимата во Македонија

Уживајте во топлиот викенд, од вторник се враќа зимата во Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до три, а дневната од три до 13 степени.

Во Скопје, слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до осум степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Во понеделник ќе дува засилен јужен ветер, а попладне од запад ќе започнат врнежи претежно од дожд. Од вторник ќе биде постудено и врнежите ќе преминуваат во снег.