Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло, а од утре не очекува лош пресврт.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 22 Целзиусови степени, Маврово 14, Охрид 17, Битола 22, Кавадарци 23, Крива Паланка 19, Берово 18, Дојран 25 степени.
Утре во текот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне облачноста ќе се зголеми и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.
Од вторник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег.