Магазин 02. декември 2019. / 09:28

Утринските температури под нулата, во текот на денот сончево

Утринските температури под нулата, во текот на денот сончево

Речиси во целата држава утринава минималните температури беа под нулата. Најстудено беше во Берово каде што се измерени -8 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Крива Паланка се измерени -6 степени, во Петровец Скопје -5, а на Зајчев Рид -4 степени. Четири степени под нулата се измерени и во Битола, Штип, Демир Капија, Струмица, Куманово и Лазарополе, а -3 степени во Тетово, Маврово, Прилеп и Крушево. Во Гевгелија и Дебар утринава температурата се спуштила до -2 степена, а во Охрид и Виница до -1 степен. Најтопол утринава е Дојран со 2 степена над нулата и Претор со нула степени.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне, облачноста ќе се зголемува. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со максимална температура до 9 Целзиусови степени.