Времето утре во земјава ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој ќе засилува на североистокот и во долниот тек на Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 14 до 25 степени.
Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 23 степени.
Од сабота следува период со повремено зголемена облачност. Услови за слаб дожд ќе има во недела претежно на југоистокот, а потоа и во вторник кога ќе биде посвежо.