Магазин 12. февруари 2021. / 17:05

Утре се прославува Светскиот ден на радиото

Утре се прославува Светскиот ден на радиото

Под покровителство на УНЕСКО утре по десетти пат се прославува Светскиот ден на радиото, кое под мотото „Нов свет, ново радио“ го одбележува едновековното постоење.

Како што посочи денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, годинешните поттеми на прославата се клучните карактеристики на радиото еволуција, поврзаност и иновативност.

Од таму посочуваат дека во изминатите сто години радиото успеа да се адаптира на ритамот на општествените и технолошките трансформации, но и на потребите на слушателите.

Според АВМУ, токму поради ваквите негови особини да се развива, да поврзува за време на природни катастрофи, социо-економски кризи, пандемии и слично, како и да биде насекаде достапно, радиото се уште е еден од најкористените медиуми ширум светот.

– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на сите радио станици во земјава им го честита Светскиот ден на радиото и ги повикува да се приклучат кон прославата на соодветен начин, преку дебати и дискусии, се наведува во соопштението на АВМУ.