Магазин 03. јануари 2021. / 18:00

Утре облачно време со врнежи од дожд, на планините снег

Утре облачно време со врнежи од дожд, на планините снег

Времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови каде ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи и засилен ветер. На планините врнежите ќе бидат од снег, а во западните делови претпладне ќе преминуваат во снег и во повисоките населени места, информира УХМР.

Снежната покривка на планините ќе се зголеми. До крајот на денот врнежите ќе престанат. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје претпладне облачно со врнежи од дожд, попладне врнежите ќе престанат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во вторник ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Потоа во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места претежно во западните делови. Врнежите на места ќе бидат пообилни, а на планините снежната покривка ќе се зголемува.