Под влијание на циклонска активност од Медитеранот, утре навечер и во текот на ноќта кон понеделник, ќе има услови за поинтензивни врнежи од дожд, додека на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег особено во понеделник. Локално ќе наврне позначително киличество на воден талог.
Утре ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, а температурите ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачат во интервалот од 9 до 15 степени Целзиусови.
Поиниски температури ќе има во понеделник кога максималните дневни ќе се движат во интервалот од 4 до 10 степени Целзиусови.