Магазин 04. март 2021. / 08:56

(ВИДЕО) Успешно слета ракетата на „Спејс-Икс“, па експлодираше

(ВИДЕО) Успешно слета ракетата на „Спејс-Икс“, па експлодираше

Прототип-ракета на американската вселенска компанија компанија „Спејс-Икс”, по пробен лет во американската сојузна држава Тексас, успешно слета, но наскоро се појави пожар и леталото експлодираше.

Прототипот на вселенското летало „Спејс-Икс Старшип СН 10″ успеало да слета, за разлика од претходните „СН 8″ и „СН 9″. Тоа значи дека лансирањето во „Бока чика” во Тексас и летот на голема височина, беа успешни.

Сепак, кусо по слетувањето, оган го зафатил вселенскиот брод и експлодирал осум минути подоцна.

„СН 10″, „СН 8″ и „СН 9″ се прототипи на ракета во развој на приватната компанија на милијардерот Илон Маск, којашто би овозможила превоз на луѓе и товар во идните мисии на Месечината и Марс.