Лионел Меси се враќа во репрезентацијата на Аргентина , а првиот меч ќе го одигра против Мароко во пријателски натпревар во Рабат на 26 март.
Според мароканските медиуми , Меси ќе изигра барем еден час , но фотографирањето со него или какво било контакт ,ќе бидат забранети. Исто така , ниеден марокански фудбалер ќе нема право да си го замени дресот со ѕвездата на Барселона , а Меси нема да дава ниту автограми.
На фудбалерите на Мароко им било кажано да не влегуваат во потешки дуели со Меси , или подобро кажано да не го допираат.
На новинарите им се забранети интервјуа , додека организаторот има обврска да испрати приватен авион за Меси и неговото семејство.
Меси не настапил за репрезентацијата на Аргентина од Светското првенстов во Русија , кога испаднаа , победени од светскиот првак Франција.