Научниците веќе докажаа дека ковид се пренесува со капки, но и преку аеросолите во воздухот, но најчесто се поставува прашањето како луѓето најлесно може да се заразат.
Според експертите главниот виновник за ширењето на вирусот е блиската интеракција со луѓето за подолг временски период. Исто така, ризични се посебно затворените места, како и местата каде луѓето зборуваат или пеат гласно.
Но, вирусот, како што велат научниците, најчесто се шири со близок физички контакт, па затоа препорачуваат да се избегнува држење за рака, гушкање, бакнување, стоење многу блиску до некого.
Вирусот се пренесува во издишани респираторни капки и е присутен во назофарингеалниот секрет, може да преживее на кожата, на пример на врвовите на прстите и под ноктите. Може да влезе во телото преку очите, носот или устата , појаснуваат епидемиолозите кои досега прават истражувања за преносливоста на ковид.
За време на близок физички контакт, пренесувањето на коронавирусот може лесно да се случи преку контакт со респираторни капки, кои можат да “паднат” на очите, носот или устата на друго лице. За да се спречи ова, многу е важно да се задржи физичката оддалеченост и да се носат заштитни маски.