Магазин 26. септември 2019. / 14:42

Уште денеска променливо време – од утре натпросечни високи температури

Уште денеска променливо време – од утре натпросечни високи температури

Под периферно влијание на циклонот Роберт уште денеска ќе имаме променливо време со повремени врнежи од дожд од локален карактер.

Не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

Попоски веќе од утре под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, најавува постабилно и посончево време, а за време на викендот температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и иситите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Истите ќе бидат над просекот за крајот на месец септември. Сепак наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени додека во Беровскиот регион истата се очекува да се спушти и до околу 5 степени а ќе има услови по одделни котлини и за сосдавање на услови за појава на утринска магла.

Од сега гледано нова значителна промена на времето и нов циклонски систем треба да очекуваме некаде околу средината на следната недела.