Магазин 10. јули 2020. / 21:37

Усеини: Сам ја уривам бетонската база во Охрид

Усеини: Сам ја уривам бетонската база во Охрид

Советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини во изјава за телевизија Телма тврди дека сам почнал да ја руши дивоизграената бетонска база на охридското крајбрежје.

Усеини вели дека „чувствувал голем товар бидејќи непотребно бил обвинуван дека е главен виновник за тоа што постоеше опасност Охридскиот регион да го изгуби статустот на УНЕСКО“.

„Од Општина и градоначалникот Георгиевски барам да се изнајде решение и конечно да се излезе во пресрет на нашето и барањето на останатите бетонски бази кои се нелегално поставени и без соодветна документација и одобренија за обезбедување на соодветни локации каде ќе може да продолжиме да ја извршуваме оваа дејност“,

вели Усеини за Телма.

Општина Охрид изминатиов период почна со акција за отстранување на дивиозградени објекти и платформи долж охридското крајбрежеје во обид градот да го задржи статусот на УНЕСКО.