Магазин 11. јануари 2021. / 10:55

Уругвајска компанија во поддршка на Едисон Кавани – извадено вино „Грасиас Негрито“

Уругвајска компанија во поддршка на Едисон Кавани – извадено вино „Грасиас Негрито“

Компанија од Уругвај која произведува вино, деновиве извади нов производ – вино „Грасиас Негрито“.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Едисон Кавани беше суспендиран со три натпервари од ФА поради наводен расистички испад на социјалните мрежи. Кавани постираше слика на неговиот Инстаграм каде пишуваше „Грасиас негрито“ што во буквален превод значи „благодарам црнче“, а иако немаше намера за навреда тој доби казна да пропуши три натпревари и доби парична казна од 100.000 фунти.

Откако ФА потврди дека Кавани немал намера да навредува а казната остана на сила, од Уругвај се појави информација дека веќе почнато е производство на вино насловено „Грасиас Негрито“, зборови кои ги употреби Кавани на Инстаграм упатени кон негов пријател, поради што беше и казнет.

Симболиката на виното е „многу црно“, алудирајќи да бојата на производот.