Бразилскиот Национален институт за истражување на Вселената регистрирал дека уништувањето на шумите во Амазон во 2019 година било поголемо отколку што првично беше соопштено.
Извештајот на Националниот институт се однесува на периодот од август 2018 година до јули 2019 година и покажува дека се уништени 10.129 километри квадратни прашума.
Областа е со големина на Либан и е за 34,4 проценти повеќе од претходните извештаи за уништувањето на шумите во истиот период претходната година.
Според претходните податоци биле уништени 9.762 километри квадратни шума или 29,5 проценти повеќе од претходната година.
Податоците за 2019 година покажуваат најголемо уништување на шумите во бразилскиот дел на Амазон од 2008 година.