Над 117 милиони деца во светот може да не бидат вакцинирани од морбили во предвидениот рок поради пандемијата од корона вирусот, покажуваат податоците на УНИЦЕФ.
Потенцирајќи ја важноста на вакцината за децата, од организацијата нагласуваат дека поради пандемијата, вакцинирањето против морбили во моментов е одложена во 24 држави од светот.
Според Светската здравствена организација, иако докажаната и ефикасна вакцина се користи повеќе од 50 години, последниве години бројот на заболени од морбили се зголемува.
Во текот на 2018 година од оваа болест починале над 140.000 лица, од кои поголемиот број се деца и бебиња.