Магазин 18. ноември 2019. / 14:33

Унапредена апликација на Гугл станува озбилна конкуренција на Вибер и ВацАп

Унапредена апликација на Гугл станува озбилна конкуренција на Вибер и ВацАп

Компанијата „Гугл“ соопшти дека најновата генерација на мобилни лични пораки за корисниците на Андроид во САД, е збогатена со „Rich Communications Services“.

Тоа значи дека апликацијата за порака, која се смета за наследник на традиционалните СМС пораки со проширени можности, впрочем ќе конкурира на апликациите како ВацАп и Вибер.

Нејзините нови можности се да поддржува потврда за прием, испраќање пораки, како и можност за испраќање и примање фотографии со висока резолуција, видеозапис и популарните „стикери“.

Новата апликација доаѓа како бесплатна надоградба на апликациите на Гугл за Пораки, кои вообичаено однапред се инсталирани во поголемиот дел на Андроид уредите, а може да се преземе бесплатно на Гугл Плеј Стор.

Од Гугл најавуваат дека проширувањето до крајот на годината ќе биде достапно и во другите земји.