Магазин 20. септември 2019. / 20:03

УХМР со временска прогноза за викендов

УХМР со временска прогноза за викендов

Последниот работен ден оваа седмица го завршуваме со облачно време кое ќе се расчистува попладне. Ветерот од северен правец нема да не одмине и овој ден а умерено облачно синоптичарите најавија за цела држава.

Викендов кој претстои не очекува релативно мирно време со температури кои наутро на некои места ќе паднат и до нулата додека нови врнежи од дожд веќе се најавуваат од вторник.