Магазин 31. мај 2019. / 22:07

УХМР со ново предупредување: Доаѓа нов циклон

УХМР со ново предупредување: Доаѓа нов циклон

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот во следните денови продолжува периодот на променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи (над 20 л/м2), грмежи, засилен ветер и појава на град, особено денес попладне и во недела, се вели во метео-предупредувањето издадено денеска од страна на УХМР.

Утре ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.