Магазин 27. јули 2020. / 19:02

УХМР предупредува: Подгответе се за температурен шок

УХМР предупредува: Подгответе се за температурен шок

Времето денеска е сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 36 степени.

Времето утре ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец, од среда започнува потопло време и температура до 40 степени, па така времето дента ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец.

Во четврток ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец, а во петок ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за локална нестабилност.

УХМР предупредува дека под влијание на многу топла воздушна маса од утре до петок времето ќе биде сончево и многу топло. Максималните температути насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.