Магазин 05. јули 2019. / 18:20

УХМР предупредува: Нова појава на град и невреме

УХМР предупредува: Нова појава на град и невреме

Управата за хидрометеоролошки работи на својата интернет страница објави актуелно предупредување дека попладнево во делови на нашата земја ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и врнежи од град.

Денес во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град – соопштуваат од таму.