Магазин 09. февруари 2021. / 09:52

УХМР: Опаѓање на температурите од петок

УХМР: Опаѓање на температурите од петок

Времето денеска облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. На повеќе места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 70 км/час). Поради изразеното јужно струење ќе има транспорт на пустинска прашина, што ќе предизвика на места дождот да биде обоен.

Во вечерните часови во поголем дел од земјава врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17 степени.

Утре попладне и во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег, особено во западните делови. Во среда ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Значителна промена се очекува од петок, кога ќе дува засилен северозападен ветер, а температурите значително ќе опаднат. Поради продор на многу студена и влажна воздушна маса,во деновите од викендот ќе има повремени врнежи од снег.

Утрински температури ќе бидат многу ниски, а дневните на повеќе места ќе се задржат под нулата.