Магазин 14. јануари 2021. / 20:07

УЕФА не го менува ставот, Европско првенство ќе се игра во 12 држави

УЕФА не го менува ставот, Европско првенство ќе се игра во 12 држави

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), засега, не разгледува алтернативи на планот за организација на претстојното Европско првенство ширум стариот континент, и покрај неповолната епидемиолошка состојба поврзана со коронавирусот.

-Што се однесува до Европското првенство, што е закажано од 11 јуни до 11 јули во 12 градови и 12 држави, ништо се нема променето, соопшти попладнево УЕФА, откако пандемијата од почетокот на годинава го наруши распоредот во многу спортови, вклучувајќи ги скијањето, тенисот и Формула 1, велат од УЕФА.

Претходно, претседателот на Швајцарската фудбалска федерација Доминик Бланк изрази резервираност во врска со планот на УЕФА, оценувајќи дека организација на Европското првенство во таков формат е „тешко изводливо сценарио во услови на постојните рестрикции за патувања“.

Тој се заложи завршницата да се одржи во една држава, споменувајќи ги Русија или Германија, или во краен случај, дури и во само еден град.