Магазин 08. март 2021. / 13:31

„Твитер“ тестира опција која ќе задоволи огромен број на корисници

„Твитер“ тестира опција која ќе задоволи огромен број на корисници

Социјалната мрежа Твитер започна со тестирање на една долго барана опција која веројатно ќе им се допадне на повеќето корисници.

Се работи за опцијата undo send за твитови.

Треба да се нагласи дека не станува збор за опцијата edit за уредување на веќе објавените твитови, туку за копче за бришење твитови кое функционира 5 до 6 секунди по објавата.

Новата опција ќе биде корисна доколку корисникот направи грешка, доколку сака да допише уште нешто, се премислите за кажаните зборови и слично.

Директорот на Twitter претходно рече дека нема да ја воведат опцијата edit, но разговараат за воведување на опцијата undo send.