Магазин 13. март 2021. / 08:27

Тркачката кола на Пабло Ескобар ставена на продажба

Тркачката кола на Пабло Ескобар ставена на продажба

Исклучително реткото Porsche 911 RSR од 1974 година со интересна сопственичка историја е понудено на продажба преку групацијата „Атлантис Моторс“.

Само 15 примероци се произведени за серијата од кои 12 беа користени за трки, а три беа резерви.

Автомобилот го возеше Емерсон Фитипалди за време на првата трка од серијата „International Race of Champions“ и ја освои пол-позицијата. Автомобилот подоцна беше продаден и продолжи да се користи во споменатата серија до 1978 година. На трката 12 „Hours of Sebring“ во 1976 година, тој заврши на 23-тото место.

Познатиот наркобос Пабло Ескобар подоцна го купи автомобилот, по што се користеше на четири трки од колумбискиот шампионат Copa Renault 4. По смртта на Ескобар, историското Porsche заврши во магацин, а потоа беше вратено во САД и целосно реставрирано.

Цената на автомобилот денес е 2,2 милиони долари.