Три седмици откако Коби Брајант, еден од најпознатите играчи во историјата на НБА, загина со својата ќерка и уште седум други во хеликоптерска несреќа, се најде меѓу осумте кандидати за влез во кошаркарската Куќа на славните.
Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс се најде на конечната листа со предлози што е обелоденета за време на Ол стар викендот во Чикаго.
Брајант освои пет шампионски прстени во кариерата и 18 пати учествуваше во Ол стар викендите. Покрај него, за Куќата на славни се номинирани и Тим Данкан, Кевин Гарнет и Тамика Кечингс од женската НБА лига.
Останатите четворица се Ким Малки, тренер на женската колеџ екипа Бејлор, Руди Томљановиќ, Барбара Стивенс и Еди Сатон.
За влез во Куќата на славни се потребни 18 гласа од Комисијата со 24 члена. Резултатите ќе бидат објавени на 4 април додека во Куќата на славни во Спрингфилд е закажана за 28 и 30 август.