Магазин 17. јули 2020. / 12:39

Трето издание на „Beach Film Festival“ од 22 до 26 јули

Трето издание на „Beach Film Festival“ од 22 до 26 јули

Од 22 до 26 јули ќе се одржи охридскиот „Beach Film Festival 2020“, кој оваа година ќе го има третото издание.

Поради здравствените препораки поради коронавирусот, фестивалот оваа година се сели од плажата Оревче, на нова локација – плажата св. Стефан пред хотелот Холидeј М.

Во официјалната селекција на фестивалот се и македонски студентски филмови кои ќе го отворат и ќе го затворат фестивалот, изјави Ана Опачиќ.

Ние од самиот старт, потенцира Опачиќ, ги подржуваме овие автори и сметам дека уште повеќе треба да бидат поддржани и никако да бидат занемарени.