Магазин 06. ноември 2020. / 11:17

Трамп ќе го тужат за незаконско користење диско-хит во кампањата

Трамп ќе го тужат за незаконско користење диско-хит во кампањата

Групата „Вилиџ пипл“ ќе го тужат американскиот претседател Доналд Трамп за незаконско користење на нивната препознатлива песна „YMCA” во неговата кампања.

Популарната диско-химна од 1978 година беше употребена во позадина на видео од изборната кампања. Продуцентската куќа Скорпио мјузик и другите сопственици на авторските права, „со изненадување ја открија оваа злоупотреба, згора на тоа за партиски и изборни цели во корист на Доналд Трамп, што тие никогаш не би го прифатиле“, како што нагласи адвокатот Ричард Малка.

Инаку, песната „YMCA”,  денес се смета и за химна на геј-заедницата. Во продолжение слушенете за која песна станува збор.