Американскиот претседател Доналд Трамп нема само авион во приватна сопственост, туку и неколку хеликоптери, а еден од нив е токму Сикорски С76, модел во кој загина и кошаркарот Коби Брајант.
Како што ЦиЕнБиСи пишуваше во 2015 година, станува збор за луксузно летало, со посебен дизајн и позлата во патничката кабина.
Трамп за врвниот дизајн на ентериерот го ангажирал познатиот дизајнер Ерик Рот кој не сакал да го открие идентитетот на сопственикот, но било тешко да се скрие тајната, бидејќи на хеликоптерот со големи црвени букви било испишано „Трамп“.
Рот го дизајнирал и авионот на Трамп во 2011 година, а кога Трамп купил и хиликоптер, го повикал овој дизајнер да ја преуреди внатрешноста, која била со застарен изглед.
Се верува дека цената на овој хиликоптер е помеѓу 5 и 7 милиони долари, а Трамп за ова луксузно уредување издвоил уште најмалку 750 илјади долари.