Магазин 25. февруари 2020. / 12:59

Том Круз заради корона вирусот го напуштил снимањето во Италија на „Невозможна мисија“

Том Круз заради корона вирусот го напуштил снимањето во Италија на „Невозможна мисија“

Холивудската ѕвезда Том Круз наводно побегнал од Италија поради страв од корона вирусот и го напуштил снимањето на филмот.

Наводно, педесет и седум годишната ѕвезда на акциони филмови бил присилен на евакуација од снимањето на фимот „Невозможна мисија 7“, бидејќи властите ја сметаат Венеција за ризично подрачје.

Имаше состаноци со официјални лица, но им е јасно, што се однесува до нив, дека постои сериозен ризик во околината посебно онаму каде се собираатмногу луѓе, рекол изворот на оваа информација.

И покрај големите трошоци за евакуација, се тврди дека е донесена одлука филмската екипа да се повлече од Венеција, а најголемите имиња се евакуираат најбрзо што може.

„Невозможна мисија 7“ би требало да продолжи понатаму од веќе прочуениот шести дел, под наслов „Фолаут“. Не е познато дали откажувањето на снимањето на филмот ќе влијае на датумот на неговата премиера.