Холивудскиот актер Том Хенкс (63) во улога на водител во хумористичната серија „Saturday Night Live“ на духовит начин раскажа како изгледало неговото лекување од корона вирусот и каков му е животот потоа.
– Не грижите се, избриченава коса ми е заради улога, расте бавно. Многу е добро да се биде овде, но исто така е и чудно, да ја водам емисијата од дома. Чудно време е за шега, но да се обидуваш да бидеш смешен е поентата на шоуто – вели Хенкс на почеток на емисијата.
Актерот објаснува дека откако бил позитивен на вирусот, луѓето не знаат како да се однесуваат во негово присуство.
– Никој не сака да биде покрај мене многу долго и на луѓето им е непријатно да бидат покрај мене – вели Хенкс, кој оздраве од болеста предизвикана од корона вирусот.
Хенкс ги фали лекарите кои му помогнале во Австралија, каде што му беше дијагностициран корона вирусот. Тој и сопругата Рита Вилсон (63) сега се дома во САД и повторно се изолирале.
– Овој костум е прво нешто што сум облекол, а да не е тренирка уште од 11 март. Сопругата ми помогна да го облечам, бидејки заборавив како функционираат копчињата – се шегуваактерот
Том Ханкс и неговата сопруга беа меѓу првите славни личности кои се заразија со корона вирусот. Нивната борба и закрепнување јавноста будно ја следеше цел месец, по што објавија дека ја победиле болеста и дека се негативни.