Магазин 12. март 2020. / 09:24

Том Хенкс и неговата сопруга имаат корона вирус

Том Хенкс и неговата сопруга имаат корона вирус

Прославениот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита објавија дека имаат коронавирус. Тие велат дека побарале медицинска помош откако почувствувале симптоми на треска во австралиската сојузна држава Квинсленд.

Сега сме во изолација – напиша 63-годишниот оскаровец на Инстаграм.

Хенкс и Вилсон престојуваа во Австралија, каде што тој работеше на нов филм за животот на Елвис Присли.

Во еден момент почнавме да се чувствуваме уморно, како да имаме треска и малку нѐ болеше телото. За да постапиме како што треба, се тестиравме на коронавирус и излезе дека сме позитивни – вели Хенкс, додавајќи дека ќе продолжат да го информираат светот за развојот на нивната состојба.