Десниот бек Бразилецот Жозе Толедо ќе го замени РК Вардар со романска Баја Маре, клуб кој ја нема настапено во Европа цели 15 години. Меѓутоа, тајната на трансферот не е во професионалниот, туку во приватниот живот на Толедо, пишува спорт1 мк.
Од летово, член на Баја Маре ќе стане Ларуса Араужо, неговата девојка, лево крило на бразилската репрезентација, кое досега играше за Клуж. Со оглед дека Толедо го зафати карантинот во Скопје, двајцата ќе да се немаат видено долго време, па вардарецот попуштил и решил и тој да замине за Баја Маре.
Тоа е третопласираниот клуб во Романија во сезоната која беше прекината од коронавирусот, така што, сепак, по 2005/06 сепак ќе игра во Европа, а Толедо наместо во ЛШ, ќе се натпреварува во новата, Европска лига или во ЕХФ-купот.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.