Токио ќе биде подготвен да ги организира Олимписките игри, и покрај фактот што во тој град и во трите покраини денеска беше прогласена вонредна состојба, објавија организаторите.
Игрите беа одложни за една година поради пандемијатасо коронавирусот и ќе започнат на 23 јули.
Параолимписките игри се закажани за 24 август.
Објавувајќи ја одлуката за воведување вонредна состојба, јапонскиот премиер Јошихиде Суга рече дека постои „чувство на криза“.
-Одлуката за вонредна состојба им нуди на организаторите можност да ги испланираат безбедните Олимписки игри ова лето. Во согласност со тоа, ќе продолжиме со потребните подготовки, се вели во соопштението на организаторите, пренесе Би-Би-Си.
Токио во четвртокот пријавил 2.447 нови случаи на инфекција, што е скок од 50% во споредба со претходниот ден.
Трошоците за организацијата се зголемија за 2,8 милијарди долари поради мерките за спречување на ширење на коронавирусот.
Во анкета спроведена минатиот месец од јапонската национална телевизија НХК, од 1.200 испитаници, 63 проценти сметаат дека Игрите треба повторно да се одложат или откажат.
На Олимписките и параолимписките игри се очекува да учествуваат околу 15.000 спортисти, заедно со десетици илјади официјални лица, тренери, судии, спонзори, медиуми и радиодифузери.
Досега во Јапонија починале околу 3.500 луѓе од коронавирус.