Магазин 26. септември 2020. / 20:28

Тодевски сруши рекорд: Непрекинато искачувајќи го Водно во текот на 24 часа

Тодевски сруши рекорд: Непрекинато искачувајќи го Водно во текот на 24 часа

Планинарот Дејан Тодевски помина 83,7 километри, односно оствари висинско искачување од 9.585 метри, непрекинато трчајќи на Водно во текот на изминатите 24 часа.

Тодевски се движеше по патеката Цветкова од Средно Водно до Крстовар во текот на неговиот подвиг кој почна вчера во 16 часот. Временските услови и силниот дожд претставуваа пречка за Тодевски да ја постигне неговата цел од 10 илјади метри висинско искачување.

За остварување на подвигот во дисциплинанта позната како скајранер, планинарот од клубот „Македон“ имаше поддршка од неговите најблиски и од бројни спортски ентузијасти.