Тим научници предводени од светски познатиот молекуларен биолог, Иван Ѓикиќ, дојдоа до значајно научно откритие кое може да помогне во откривањето специфичен лек за корона вирусот.
Станува збор за ензимот „PLpro“, кој го овозможува размножувањето на вирусот и го сузбива создавањето на интерферонот тип 1, со што ја слабее имунитетната одбрана на организмот. Тимот на Ѓикиќ го идентификувал ензимот „PLpro“ како слаба точка на вирусот. Ингибирањето на тој ензим го спречува ширењето на вирусот и го засилува антивирусниот имунитет.
Користевме нековалентен инхибитор на ензимот „PLpro“ (GRL-0617) и многу детално го опишавме начинот на неговото делување. Заклучивме дека ингивирањето на ензимот PLpro е мошне ветувача двојна стратегија во сузбивањето на Ковид-19. Натамошниот развој на терапевтските супстанци кои го инхибираат ензимот „PLpro“ се клучен предизвик во клиничкото лечење на Ковид-19 – вели пофесорот Ѓикиќ.
Повеќе за ова во истражувањето што го објави списанието Nature.