Магазин 06. април 2020. / 15:03

Тигар во зоолошката во Њујорк позитивен на корона вирусот

Тигар во зоолошката во Њујорк позитивен на корона вирусот

Тигар во зоолошката градина во Њујорк е позитивен на корона вирусот, што е првиот потврден случај на заразено животно со Ковид-19 во САД и прв заразен тигар во светот.

Министерството за земјоделство на САД соопшти дека станува збор за четиригодишен тигар, прецизирајќи дека уште шест тигри и лавови, со кои бил во контакт „нулта“ тигарот, почнале да покажуваат симптоми на болеста.

Се претпоставува дека животното е заразено од работник во зоолошка градина Бронкс, позитивен на вирусот Ковид-19.

Зоолошката градина соопшти дека тигарот почнал да покажува симптоми на болеста на 27 март, а се очекува сите животни да се опорават.

Зоолошката градина Бронкс затвори на 16 март, како дел од мерките за спречување на ширењето на пандемијата на корона вирусот.