Легендарниот француски фудбалер не се снајде најдобро на клупата на Монако, по што сосема очекувано доби отказ.
Анри пристигна во Монако после очајниот почеток на сезоната на клубот, а го наследи Леонардо Жардим. Сепак, серијата на лоши резултати продолжи и под водство на Тиери Анри кој едноставно не пронајде решение за да го врати Монако на победничките патеки.
Поради тоа, од раководството на клубот одлучија да му врачат отказ на Анри, а екипата привремено ќе ја води Франк Паси.
Тиери Анри ја водеше екипата на Монако на 20 натпревари. Успеа да запише скромни пет победи, четири нерешени резултати и дури 11 порази со гол разлика 23:43.