Магазин 30. декември 2019. / 14:07

„Тесласјут“ по костумот, претстави ракавици со кои може да се почувствува виртуелниот свет

„Тесласјут“ по костумот, претстави ракавици со кои може да се почувствува виртуелниот свет

„Тесласјут“, компанија позната по својот костум, преку кој засилено се чувствуваат дразбите во виртуелната реалност, претстави раквици кои ќе им овозможат на корисниците да чувствуваат виртуелни текстури и предмети. На овој начин, кога корисниците се врзани со уредите за виртуелна реалност ќе можат не само да ги видат, туку и да ги почувствуваат објектите во виртуелниот свет.

Ракавицата од „Тесласјут“ е првенствено наменета за обука на астронаути, медицинска рехабилитација и професионални услуги.

Уредот комбинира неколку различни технологии за да се креира впечаток на допир и држење на предмети, пренесува Б92.

Покрај тоа, раквиците собираат информации за пулсот и други биометриски податоци. Тие можат безжично да се поврзат со костумот од истата компанија, што отвора можност да се соберат информации за движењата и состојбата на речиси целото тело.

Ракавицата има сила за повратна информација. Девет електроди се поставени на секој прст и создаваат впечаток на допирање на непостоечка површина, додека пластичниот скелет креира отпорност и вибрации, за да се симулира интеракција со тврди предмети.

Раквиците ќе бидат официјално претставени на претстојниот CES (Consumer Electronics Show) во Лас Вегас, а во продажба ќе бидат пуштени во втората половина на 2020 година.