Времето од денеска ќе биде под влијание на моќен циклон, наречен Андреа, кој ќе донесе поинтензивни врнежи од дожд.
Од денес па натаму територијата на балканот полека ќе подпаѓа под влијание на моќниот циклон Андреа и истата значително ќе ги зачести и интенвизира врнежите од дожд во следните денови локално во регионот се очекуваат и изобилни врнежи од дожд кој би можеле да условат и локални поплавувања и тоа особено во делови од Србија, Босна и Херцеговина како и Хрватска, сепак доста интензивни врнежи ќе има и во останатите држави од регионот но и во Македонија кој особено ќе се интензивираат од недела попладне кога локално ќе има и развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за локален но интензивен развој на нестабилност проследена со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог, силен ветер, електрични празнења како и појава на град кој би можел да биде и доста интензивен, соопштува метеорологот Славчо Поповски.
Поради продорот на постуден воздух од север повторно на високите места во регионот се очекуваат врнежи од снег и формирање на нова снежна покривка.
Во државава пак денес ќе има локална појава на дожд а ќе има и зголемена облачност, повторено услови за локална појава на дожд и грмежи ќе има утре попладне додека пак сабота ќе биде нешто постабилна за од недела попладне поинтензивно да не зафати Андреа и да услови чести врнежи како што најавивме а температурите на воздухот ќе бележат тенденција на повторно опаѓање.