Ознаката „#IStandWithTaylor“ собира голема поддршка од твитерџиите обожаватели на Тејлор Свифт, како и нејзина борба против претходните нејзини менаџери.
Во правна смисла, Скутер Браун и Скот Борчета сè уште ги поседуваат правата за претходните песни на Свифт, иако немаат удел во создавањето на композициите. Сепак, тие стојат на ставот да не и дозволуваат да ги изведува сè додека пејачката законски не добие дозвола за тоа.
Според информациите, Браун и Борчета нема да и дозволат да пее песни од нејзините претходнит албуми за време на претстојните Американски музички награди, а судската разврска околу тоа се очекува да биде разрешена следната година.
По таквиот став на менаџерите, Тејлор Свифт ги повика нејзините следачи и обожаватели за помош, по што доби огромна поддршка на социјалните мрежи.