Рекордна посетеност од 46.609 гледачи и 179 изведени престави во минатата година. Театар Комедија се пофали дека псетеноста лани во споредба со 2018 година е зголемена за 16,6 отсто. Ансамблот на овој театар во 2019 имал пет премиери – четири на големата сцена и една на мала сцена.
-Посетеноста лани во споредба со 2018 била поголема за 16,6 проценти, а во однос на 2017 за 60 отсто, а бројот на изведени претстави пораснал за 28,8 проценти споредено со 2018 односно за 62,7 проценти во однос на 2017 година, стои во анализата на театарот.
Со овие бројки кои ги утврди комисијата за аналитика при Одделението за маркетинг и продукција во институцијата, може слободно да се потврди дека НУ Театар Комедија бележи огромен раст во својата работа и целосно го заслужува епитетот најпосетуван театар во земјава, соопшти Театар Комедија