Македонскиот актер Гоце Влахов почина на 70-годишна возраст.
Влахов глумел во многу претстави, емисии на МТВ, а препознатлив е по улогите во Македонски народни приказни. Има глумено и во серијалот на МТВ, „Тврдокорни“ од 1988 година и во филмот на Милчо Манчевски – „Сенки“ во 2007-та година.
Неговите колеги и соработници се простуваат на социјалните мрежи со потресни зборови.