Магазин 02. септември 2020. / 16:41

Таткото на Меси одговори дали Меси ќе остане во Барселона

Таткото на Меси одговори дали Меси ќе остане во Барселона

Таткото на Лео Меси призна дека останување на неговиот син во Барселона во моментов е многи тешко, но и дека нема никакви разговори со Манчестер Сити.

Хорхе Меси беше начекан од новинар кој успеа да му украде неколку зборови.

Како ги гледате шансите да остане во Барса?, праша новинарот, а Хорхе кратко одговори: „Тешко“.

Потоа му постави прашање дали „Манчестер Сити е добра опција?“, на што Хорхе одговори: „Не знам, нема ништо“.

„Не зборувавте со Пеп?“ – „Не, со никој“.