Меган Маркл и принцот Хари финансиски се разделија од кралското семејство, а нивната одлука ја коментира целиот свет.
Познато е дека Меган не е во добри односи со нејзиниот татко, Томас Маркл, кој се осврна на Мегзит и ги осуди неговата ќерка и нејзиниот сопруг.
Во интервју за британска телевизија, Томас Маркл ја обвини својата ќерка дека го отфрлила сонот на секоја девојка за пари.
„Не е девојката што ја воспитав“, рече тој.
„Кога се омажи, таа презеде обврска, а дел од таа обврска е да биде дел од кралското семејство и да го претставува кралското семејство. Би било глупаво да не го прави тоа. Тоа е една од најстарите институции, а тие ја уништуваат… не би требало да го прават тоа“, смета Томас Маркл.