Магазин 24. февруари 2021. / 15:34

Тапанарот на „Леб и сол“ Драгољуб Ѓуришиќ итно пренесен на интензивна нега поради коронавирус

Тапанарот на „Леб и сол“ Драгољуб Ѓуришиќ итно пренесен на интензивна нега поради коронавирус

Тапанарот Драгољуб Ѓуришиќ (68) е заразен со коронавирусот и е на интензивна нега во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, дознава српски „Новости“.

Познатиот музичар кој свиреше во групите „Леб и сол“, „Кербер“, со Ѓорѓе Балашевиќ и Здравко Чолиќ, како и со други познати изведувачи, имал температура од 39 степени Целзиусови со денови минатата недела, но дури пет дена подоцна тој решил да побара лекарска помош.