Од виолинистот и професор Зоран Џорлев со фејсбук статус се прости Ансамблот за народни игри и песни „Танец“.
ТАЖНА ВЕСТ
Со неизмерна тага ја примивме веста дека денеска, на неполни 54 години, прерано замина познатиот виолинист, музички предагог, поранешен член на оркестарот на Македонската опера и балет, телевизиски шоумен и поранешен директор на НУ „Танец“, Зоран Џорлев.
Раководството на „Танец“ и сите вработени изразуваат длабоко сочуство до неговото семејство и сите колеги со кои ја делеше сцената повеќе од четири децении.
Вечна ти слава,
НУ ТАНЕЦ, напишаа од „Танец“.
Џорлев почина на 53-годишна возраст. Причината за смртта е компликации од коронавирусот односно откачување на тромб.
ТАЖНА ВЕСТ
Со неизмерна тага ја примивме веста дека денеска, на неполни 54 години, прерано замина познатиот виолинист,…Posted by TANEC – National Institution of Macedonian Folk Dances and Songs on Friday, January 1, 2021