Менталните проблеми стануваат се почести кај младите Европјани на возраст од 11 до 15 години, покажува студијата објавена во вторникот од страна на Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО).
Истражувањето беше фокусирано на здравјето и социјалното однесување на деца на возраст од 11, 13 и 15 години од 45 земји, соопшти СЗО.
Тоа покажува дека менталното здравје во многу земји се намалило помеѓу 2014 и 2018 година.
Нивото на ментално здравје се намалува со растот на децата, покажува студијата, што особено укажува на тоа дека девојчињата се во опасност. Еден од четири адолесценти изјавил дека се чувствува нервозен, раздразлив и има потешкотии да спие барем еднаш неделно, наведува СЗО.
Регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р. Ханс Клуге коментира дека зголемувањето на бројот на момчиња и девојчиња ширум Европа кои се соочуваат со лошо ментално здравје, се чувствуваат лошо, нервозно и иритирано, е загрижувачко за сите нас.