Магазин 03. јули 2019. / 18:25

Светот остана без Инстаграм, Фејсбук и Вац ап

Светот остана без Инстаграм, Фејсбук и Вац ап

Корисниците на Инстаграм и Фејсбук во светот денеска пријавиле проблеми со логирањето. споделувањето и пристапувањето до содржините на мобилните апликации. Инстаграм бил предупреден за проблем изутринава, а повеќето извештаи на корисници стигнале од северна Европа и САД.

Повеќето споделени фотографии на корисниците не успеваат да се вчитаат, а на екранот им се појавила порака дека „описот на фотографијата не е достапен“. Одредени корисници воопшто не можеле да пристапат до апликациите.

Покрај Инстаграм со проблеми се соочуваат и Фејсбук и апликацијата Вац ап. Слични проблеми се регистрирани и од корисници на социјалните мрежи и во нашата земја.